Моника Пендаровска е четвртиот финалист на Европските универзитетски игри во Згареб

Каратистите дефинитивно го разубавија Илинден. Моника Пендаровска го обезбеди четвртото финале, откако денеска тоа му тргна од рака на Петар Заборски, а вчера и на Сара Радичевска и машкиот кумите тим, додека Петар Спасеновски и женскиот кумите тим освоија бронзи.

Пендаровска (-61 кг) во финалето на Европските универзитетски игри за боречки спортови во Загреб ќе се бори со Зенира Бектеш од Босна и Херцеговина.

Останува уште настапот на Ангела Мојсовска која може да го зголеми билансот намедали.

Резултати
60 кг
Горан Николовски – Микола Хормик (Италија)

67 кг
Давид Петков – Лео Кејп (Велика Британија) пораз
Роберто Ацковски – Џанлука де Виво (Италија) 0-3

75 кг
Петар Заборски – Аркадио Гарсија (Шпанија) 3-2
Петар Заборски – Марин Бркиќ (Босна и Херцеговина) 1-1
Петар Заборски – Марко Мартиновиќ (Србија) 1-1
Петар Заборски – Али Ешсиз (Турција) 2-0

-84 кг
Петар Спасеновски – Томазо Турки (Италија) 4-0
Петар Спасеновски – Селим Јавуз Оруџ (Турција) 0-0
Петар Спасеновски – Марчин Криковски (Полска) 4-1
Петар Спасеновски – Грег Андресон (Велика Британија) 1-2
За бронза
Петар Спасеновски – Андреа Бартоломеи (Италија) 5-0

-55 кг
Симона Заборска – Фарнческа Манџијакапра (Италија) 2-0
Симона Заборска – Лаура Хофман (Луксембург) 1-0
Симона Заборска – Хана Куклова (Словачка) 3-4

-61 кг
Моника Пендаровска – Ива Клепиќ (Босна и Херцеговина) 3-0
Моника Пендаровска – Зејнер Кокбибер (Турција) 8-0
Моника Пендаровска – Ана-Јохана Нилсон (Шведска) 4-1
Моника Пендаровска – Дијана Шостак (Украина) 1-0
Финале
Моника Пендаровска – Зенира Бектеш (Босна и Херцеговина)

-68 кг
Ангела Мојсовска – Каролина Клепацка (Полска)

Ката
Фери Исиќ 15 место
Во првиот круг оценка 22,66, втор 23, 14, трет круг 23,6

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО