МОК го поддржува кик боксот, како можен олимписки спорт во 2024 година

Vo Mok Turcinot

Во просториите на Македонскиот олимписки комитет, се одржа официјална средба на која присуствуваа претседателите на Македонската и на Турската Кик боксинг федерација, г-ѓа Александра Неделковска и г-динот Салим Кајиџи, селекторот на македонската кик боксинг репрезентација, Дејан Митровски, како и претставниците на МОК, генералниот секретар на МОК, д-р Сашо Поповски и спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски.

Кајиџи ги пренесе до МОК поздравите од претседателот на Турскиот олимписки комитет и ја истакна извонредната соработка помеѓу двата братски олимписки комитети. Во оваа прилика претставниците од МОК ја истакнаа поддршката, која несебично ја дават во насока на поддршка на кик боксингот да се најде на листата на Олимписки спортови во 2024 година, но и поддршката која МОК ја дава на градот Истанбул, во неговиот шестти обид, да стане домаќин на Олимписките игри.

Aleksandra so Turcinot

Мора да се истакне и донацијата која претседателот на Македонската кикбоксинг федерација, Александра Неделковска, ја обезбеди преку своите турски пријатели, а на крајот на оваа средба, беше потпишан и договор за соработка меѓу Македонската и Турската кик боксинг федерација.
Двајцата претседатели, Александра Неделковска и Салим Кајиџи заедно ќе го проследат и 5-от Меморијален турнир “Љупчо Неделковски”, на кој учество ќе земат најдобрите кикбоксери од Македонија, Турција и Србија.

Гостинот од Турција имаше средба и со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасевски, при што се разговараше на истите теми како и во МОК. Од АСМ беше искажана поддршка на заложбите и овој спорт да се најде на ЛОИ 2024 година.

ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО