Берат Јакупи има свој клуб „Асиарт“!

Klub na Berat

Подолго се зборуваше дека шампионот на Македонија и на Карате 1 Премиер лигата, Берат Јакупи, ќе се раздели од КК Фати, кој делува во Тетотово и Гостивар, тоа и се обистини.

Денес, на Собранието на Карате федерацијата на Македонија (КФМ) на КК Асиарт од Гостивар ќе му биде потврден приемот во карате семејството на Македонија, како уште на еден клуб од Скопје, кој традиционално карате преминува во КФМ. „Асиар“ е клубот на Јакупи, но неговите обврски кон КК Фати во Премиер лигата и државните првенства остануваат. Јакупи ќе го води клубот во Гостивар.

Berat vo Struga

Инаку, деновиве беше на заеднички тренинг во Струга со Шабан Муртиши од КК Дрини и таму од децата беше дочекан како вистинска ѕвезда.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО