Во Виница се е подготвено- се чека настапот на кикбоксерите!

ring

 

Се е подготвено во Виница да почне Меморијалниот кик бокс турнир „Љупчо Неделковски“. Средбите ќе почнат во 18 часот.

На Меѓународнит меморијален турнир „Љупчо Неделковски“ ќе се сретнат во К1 до 81 килограм носителот на бронзениот медал од Европското првенство, Мики Ивановски со Огуз Шеќер. Во истата категорија, но во лоу кик, Димитар Ѓоргиев ќе се бори со Мухамед Јилдиз од Турција. Македонско-турскиот дуел ќе продолжи и во мечевите Александар Димовски-Фатих Јилдиз до 91 кг во лоу кик, Виктор Георгиевски-Тургут Косакоја (К1, -86 кг) и Стојче Цветковски-Ајкут Тонкал (лоу кик, -86 кг). Хадис Рамадани ќе се бори против Фазлија Реџепи од Србија (лоу кик, -63,5 кг), како и Бобан Илиоски и Димитар Ѓорѓевиќ (лоу кик, -71 кг).

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО