Антиќ го совлада Јакупи, Ташов подобар од Ристески и Црничиќ на Изборното првенство!

Izborno prvenstvo

Денеска во Скопје се одржа Изборното сениорско првенство во карате, на кое се филтрираше составот за Европското првенство за сениори во Турција во март годинава.

Емил Павлов (КК Штип) ги доби сите борби во категоријата до 60 килограми и убедливо беше прв. Ико Ташов (Металург) во категоријата се покажа најподготвен во категоријата до 67 кг и ги помина и Тодор Ристески (Спорт 94) и Дејан Црничиќ (Кеикс), а Иво Цветковски (Металург) не дозволи изненадување во категориијата до 75 кг. Добрата форма, што беше манифестирана и во Карате 1 Премиер лигата во Париз, Симон Антиќ (Макпетрол), ја потврди и на Изборното првенство, откако на државното пред две недели со судиска одлука изгуби од Берат Јакупи (Фати), денес тој ги доби сите борби. Така во оваа категорија максимално се комплицира работата за тоа кој ќе патува на ЕП во Турција.

Во категоријата наф 84 килограми битката  се водеше меѓу Жарко Арсовски (Макпетрол) и Мартин Несторовски (Металург). Нивната борба имаше многу неизвесности, па и контроверзи. Сепак, победата му припадна на Арсовски.

makpetro ekipa

Во женска конкуренција најдобри се: Сара Радичевска (50 кг)-Макпетрол, Марија Матракоска (-55 кг)-Ронин, Наташа Стефановска (-61 кг)-Макпетрол, Моника Стефановска (-68 кг)-Макпетрол и Драгана Тодорова (+68 кг)- Металург.

Во кати поединечно најдобри се Фери Исиќ-Вардар, немаше противници, и Пуликсенија Јовановска од Ронин. Ката тимот на Ронин беше најдобар кај жените, а Вардар кај мажите.

Во борби екипно-жени Макпетрол беше подобар од Металург и Ронин, а кај мажите Металург е поуспешен од Макпетрол.

Најуспешен клуб е Макпетрол (6-2-1), потоа следуваат Металург (4-5-3), Ронин (3-1-3), Вардар (2-0-0), Штип (1-0-0) итн.Плеј-оф_турнир_за_сениори сите резултати.

ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО