На силниот Меѓународен турнир „Јашар Догу“ во Турција Дејан Богданов во првото коло е совладан од Молдавецот Николај Цебан, носител на бронзен медал од Европско првенство, со 4-2.
Деан Митров во првото коло загуби од светскиот младински првак Мустафа Каја од Турција, а во репасажот не успеа да ја сочува предноста од 6-1 во првата рунда против Агушин Мустафаев од Азербејџан, кој на крајот славеше до 11-6.
Бобан Данов загуби од репрезентативецот на Казахстан, иако по првата рунда резултатот беше 1-1.
ipon.mk/В.Д.