Во последните два настапи Александар Волкановски забележа порази од Ислам Махачев и Илија Топурија, а викендов во главната борба на УФЦ 314 настанот ќе се бори против Диего Лопез за титулата во перо категорија. И покрај двата последователни порази и фактот дека му претстои нов голем предизвик во форма на опасен 30-годишен Бразилец, „Волк“ сè уште не ја изгубил смислата за хумор.
Во пресрет на споменатиот меч со Топурија, тој ги освои навивачите со видео во кое се шегува на своја сметка, глуми личност во подоцнежните години, живее живот типичен за пензионерите, кој меѓу другото вклучувал градинарство, подготовка на храна за зимата, дремење преку ден, расправија со намќорните соседи и слично. Спотот за кој станува збор е создаден во соработка со Спортсбет, а двете страни продолжија да соработуваат во некои подоцнежни реклами и скечеви во кои Волкановски се појавува во истата улога.
Во пресрет на претстојниот настан на УФЦ 314, сепак, тој „старец“ исчезна, а се „роди“ музичка ѕвезда! Австралиско-македонскиот борец, всушност, во новото видео на Спортсбет се пошегува дека всушност работел како пејач и продуцент паралелно со целиот подготвителен камп за саботната пресметка со Лопез.
Волкановски, исто така, ги носи гледачите на вистинско музичко патување во кое изведува пародии на низа жанрови, од поп, рок, гранџ, евровизиски талент до метал и кантри. Има референци и за култни бендови како, на пример, Нирвана и Битлси, а во секое негово издание Волкановски изведува песни (туѓи вокали) чии зборови се тесно поврзани со спортот ММА. Како изгледа сето тоа погледнете во следното видео.