Поранешниот двократен светски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа ќе се обиде уште еднаш да ја оживее кариерата откако минатата година загуби од Даниел Дубоа на преполниот Вембли.
Златниот олимпиец од Лондон, по двата порази од Aлександaр Усик, победи четири во низа, а против својот сонародник имаше план да се врати на врвот во категоријата.
Но, Дубоа се покажа како тежок и силен противник, соборувајќи го Еј Џеј неколку пати, а потоа борбата ја заврши со брутален нокаут во петтата рунда.
Џошуа направи нешто подолга пауза по тој пораз, а неговиот промотор Еди Херн најави дека најверојатно ќе се врати во рингот ова лето откако ќе се опорави од мистериозната повреда.
Во објава на Инстаграм, тој сподели цитат од филмот Платено целосно за да ги изрази своите чувства за потенцијалното пензионирање.
Заработил доволно и си обезбедил иднина за себе и за своето семејство, но се прашувал дали фановите и понатаму ќе го сакаат доколку реши да се повлече од боксот.
„Го сакам сето тоа. Се чувствувам како еден од тие играчи на топка. Како Брд, Меџик, Џејмс, Џордан, Коби или некој друг. Имам доволно пари и би можел да заминам… Но, ако заминам сега, дали фановите сè уште ќе ме сакаат? Ја чувствувам љубовта што ја добивам на улиците“, напиша Ентони Џошуа под објавата на Инстаграм.
View this post on Instagram
View this post on Instagram