„Ахмад Магомедов и јас сме тргнати за Скопје, не е ни малку надежна неговата состојба. Утре ќе правиме МРТ снимка и ќе знаеме точно на што сме“, вели тренерот на Врадар за повредата на нивниот член кој настапи на Европското првенство во борење за сениори во Братислава, Словачка, и во првата борба со Симон Мархл од Австрија заработи повреда во првите 30 секунди и ја предаде.
Тренерот тогаш извести дека Ахмад има скинат граден мускул на левото рамо. .
„Најверојатно ќе биде потребена хируршка интервенција“, вели Пешко.
Тој се осврна на настапот на вардарците на ЕП.
„Нашите двајца најдобри борачи не се во строј поради повредите. И вториот наш кандидат за медал на Европското превенство имаше хируршка интервенција на коленото. Иако повреден, лигамент и менискус, Нуров успеа да освои бронзен медал за Македонија на рејтинговиот турнир. Тоа беше причина зошто Нуров не учествуваше на ЕП во Словачка. По извршената операција, Нуров беше пуштен на домашно лекување“, истакнува Пешко и нагласува:
„Вардар имасхе двајца претенденти за медали, притоа 90 отстобевме сигурни за освојување на медали, со оглед и на жрепката – но тој мал процент на несреќа и повреди – беше кобен за нас“.
Според него, кога е во прашање врвниот резултат или здравјето, сепак би го избрале здравјето на спортистот.
Спортските повреди се составен дел и неизбежни во врвниот спорт, смета Пешко кој се надева дека три месеци борачите на Вардар ќе се вратат повторно во тренажен процес.