Австралиецот со македонско потекло по подолга пауза им се враќа на УФЦ-борбите в сабота, во дуел со Диего Лопез.
Помина повеќе од една година од последната борба на легендарниот ММА борец Александар Волкановски (36), Австралиецот со македонско потекло.
Тоа слободно време му даде на поранешниот шампион во перо-категорија на УФЦ доволно време за размислување, па ја прифати понудата да се соочи со Бразилецот Диего Лопез (30) на главниот настан на УФЦ 314 во Мајами в сабота, со шанса повторно да ја освои титулата во перолесна категорија на УФЦ.
„Сите ќе го сменат тонот по оваа борба, ви гарантирам. Секој има право да се сомнева во мене. Се враќам од два порази, имам 36 години. Многу луѓе велат ах, готов е. И тие имаат целосно право да го мислат тоа додека јас не ги предомислам. Така, тоа е она што планирам да го направам“, вели Волкановски, како најава на мечот в сабота.
Како еден од најголемите борци во перо-категорија во историјата на УФЦ, Александар Волкановски е име со голем респект меѓу фановите.
Откако е во УФЦ, тој се етаблира како врвно име во својата категорија. И покрај поразот од Ислам Махачев и Илија Топурија во неговите последни две борби, тој сè уште се смета за еден од најдобрите борци во УФЦ денес.
Alexander Volkanovski looks phenomenal going into #UFC314 against Diego Lopes! 💪🔥🇦🇺
via: @ufc countdown / #UFC pic.twitter.com/88HgX6zU3Z
— MMA Pros Pick (@MMA_PROS_PICK_) April 4, 2025
Волкановски (26-4) ја имаше титулата во перо категорија од декември 2019 до февруари 2024 година, правејќи пет успешни одбрани на појасот.
Неговиот татко е Македонец од битолско, додека мајка му има грчки корени.