Миша Тејт прв пат стана мајка по 67 часа породување (ФОТО)

Поранешната УФЦ шампионка Миша Тејт во понеделникот стана мајка за прв пат. 31-годишната пензионирана воинка роди здраво девојче Амаи Неваех Нуњез, чија прва фотографија на социјалните мрежи ја објави партнерот на Миша, Џони Нуњез.

Со фотографијата Нунез откри дека Тејт се породувала неверојатни 67 часа.

Популарната поранешна УФЦ-овка јавно објави дека е во блажена состојба и тоа 14 месеци по последниот официјален влез во октагонот. Тејт се пензионира во ноември 2016 година, по поразот од Ракел Пенингтон.

Во понеделникот, само нешто подоцна, и самата Тејт ја објави својата прва фотографија со ќеркичката на социјалните мрежи и напиша:

„Тешко е со зборови да се опише што чувствувам токму сега. Ова беше борбата на мојот живот додека го раѓав моето мало девојче на овој свет. Се породував 60 часа во мојот дом, но напредокот беше многу лош, па сепак ме префрлија во болница. По 62 часа малку почна да попушта болката, треската и повраќањето. Вкупно 72 часа ја раѓав малата Амаи. Секако, дека тоа не е она што го сакав, но понекогаш мора да ја менувате тактиката. И понатаму се ме боли, но се чувствувам како да сум победила, бидејќи сум сигурна“, напиша Тејт.

https://www.instagram.com/p/BjlnVkcgczA/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО