Средба со Вајлдер во февруари, ако Џошуа се бори со Поветкин во сепрември

Еди Херн, промотор на ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО шампионот во тешка категорија Ентони Џошуа (21-0, 20 KO) изјави дека ВБЦ шампионот Дионтеј Вајлдер можеби ќе добие шанса во февруари.

Двете страни преговараат, но за момент не можат да постигнат консензус за локацијата.

Џошуа сака средбата да се одржи во Велика Британија и не изгледа особено импресиониран од понудата на Вајлдер за 50 милиони долари, ако се случи во САД.

Таткото на Еди Херн, Бери, минатата недела се сретна со еден од менаџерите на Вајлдер, Шели Финкел, но договорот сè уште е далеку.

Проблемот со кој се соочува Херн е дека ВБА сака Џошуа да ја брани титулата против Александар Поветкин.

„Татко ми се сретна со Шели и почесто водиме разговори. Се сретнаа во петок и добивме е-маил во понеделник – продолжуваме со разговорите. Мислам дека ќе успееме, но од ВБА секој ден се распрашуваат, па ги одолговлекуваме преговорите. Прво ќе се бори со Поветкин. Мислам дека до крајот на неделата треба да потврдиме тоа“.

„Сакаме да се бориме во септември, но тоа не му одговара на Вајлдер. Ако се бориме со него, сигурно ќе е во октомври-ноември. Ако се бориме со Поветкин, сепак, тоа ќе се случи во септември. Ако средбата со Поветкин е во септември, Вајлдер ќе мора да почека до февруари“.

Дури и во февруари, проблемот со местото ќе биде истиот, ако Џошуа сака да се соочи со Вајлдер во Велика Британија.

Џошуа се чини дека е подготвен за договор за две меча – првиот во Велика Британија, а вториот, ако Вајлдер победи, ќе биде во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО