Мирче Јанушевски: Освојувањето на два медала на ЕП е успешен настап за Металург!

Mirce Jnausevski

На Европското карате првенство за кадети, јуниори и јунири до 21 година македонските репрезентативци освоија шест медали- Абдурахим Идризи сребрен медал во кати кадети, во борби бронзени медали освоија Столе Смилковски –кадети, Моника Пендаровска и Петар Спасеновски – јуниори, Азиз Исмаил – јуниори 21 и женскиот ката тим во сосстав Маријана и Мишела Димоски и Киријана Камаческа – бронзен медал.

karate repreze na pres vo ASM 8.2.2016

Побаравме мислење од клупските тренери на носителите на медали како е дојдено до трофеите и дали се задоволни од настапот на нивните каратисти во составот на репрезентацијата. Без разлика на тоа што некои од нив се и тренери на репрезентацијата, но сите беа во Лимасол и ги следеа натпреварите во живо, но и делеа совети и помагаа.

Тренерот на Карате клубот  Металург, Мирче Јанушевски, вели дека со Европското карате првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година го завршиле натпреварувачкиот циклус за овие категории, кој започнал минатата година на крајот од јули со општо физичките подготовки на терените од Гази Баба.

„Со подготовките се започна толку рано од причина што пред натпреварувачите од младинските категории претстоеше напорна и долг натпреварувачка сезона која почнуваше на почетокот на септември со турнирот на Карате 1 Премиер лигата „ Истанбул опен“, а завршуваше со ЕП во Кипар“, истакнува Јанушевски.

Petar Spasenovski site na piedestal na EP 2016

За натпреварувачите во У-21 турнирите од Премиер лигата (Истанбул опен 05-06.09.2015, Германија-опен-Кобург 26-27.09.2015, Австрија-опен 17-18.10.2015) се критериумски за исполнување норма во репрезентацијата. Покрај Државниот изборен турнир и Разигрувањето 12-13.09.2015 и 20.09.2015, наместо Медитеранското првенство, кое требаше да се одржи во Египет, како китериумски натпревар се става турнирот Кроација-опен во Риека на 03-04.10.2015 година.

„Од посочените датуми се гледа дека од почетокот на септември влеговме во една напорна серија од шест натпревари која тешко се издржуваше, пред се за јуниорите- 21, кои во низа имаа натпревари пет недели. Во такви услови навистина беше тешко да се наштима подготвеноста на секој натпреварувач за секој натпревар на највисоко ниво. По завршувањето на циклусот врзани натпревари, осум натпреварувачи од нашиот клуб обезбедија место во репрезентацијата за Светското првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 во Џакарта, Индонезија од 12-15.11.2015 година. Иако подготвени, за жал, ни еден од репрезентативците од Металург не успеа да освои медал“, посочува тренерот на Металург.

Aziz so medalot

Но, циклусот за овие категории продолжил веднаш по Светското со Државното првенство 21-22.11.2015, Разигрувањето 29.11.2015 и Балканското првенство 11-13.12.2015. Балканското, како критериумско, влијаело на составот на репрезентацијата за ЕП за К+Ј+Ј-21 година. На БП каратистите од Металург освоија 1 златен медал – Азиз Исмил (-75 кг, У-21) во борби, 2 сребрени медали -Драгана Манговска (-48 кг, јуниори) и Семир Ќосовиќ (+84 кг), како и 1 бронзен медал – Виктор Крстевски (-84 кг) борби.

Настап имаа и на еден контролен турнир Гранд при Кроација, каде што освоија 2 сребрени медали- Драгана Манговска (-48 кг) јуниор и Филип Несторовски (-70 кг) кадети, додека Виктор Крстевски (-84 кг) освои бронзен медал,а 5-ти места освоија Семир Ќосовиќ и Петар Спасеновски.

„Овие резултати укажуваа дека имаме подготвени натпреварувачи за освојување медал на ЕП. Завршните подготовки во недостаток на средства, ги направивме во клубот. Така што девет натпреварувачи со исполнети норми од Металург, согласно Правилникот за избор на репрезентацијата, настапија подготвени на Европското првенство. Спрема претходно постигнатите резултати од репрезентативците на меѓународните првенства и турнири во  периодот септември-јануари, можеше да се очекува на ЕП освојување на еден или повеќе медали зависно од жребот, судењето и други околности. 

Заслужено, Петар Спасеновски (+76 кг, јуниор) освои бронзен медал. Изгуби од вицешампионот во таа категорија, Моухидин Азиз_Абес, во полуфиналната борба. И Азиз Исмаил, исто така бронзен медал, изгуби од вицешампионот во таа категорија, Данецот Абил Лудвиг. 

Со оглед на Фактот дека имавме 7 од 9 репрезентативци со добри постигнати резултати пред ЕП, освојувањето на два медала е успешен настап за КК Металург на ова првенство“, констатира Јанушевски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО