Мирче Јанушевски: Шампионската титула е круна во сениорската конкуренција! (ФОТО)

Екипата на Металург на Европското првенство за региони во Приштина ја освои шампионската титула што е голем успех за македнското карате, медал кој ни недостасуваше. Во финалето за златниот медал ја победија екипата на Турција од регионот Акендиз.

Тренерот на екипата Мирче Јанушевски вели:

„Секако круна во сениорска конкуренција е да се освои првото место во екипна конкуренција, тоа што го направивме вчера. Ова е последно Европско првенство, од догодина ќе се менува форматот и на некој начин ова е симболично. Оваа екипа имаше многу зрел настап, а финалето беше врв на се. Не направија ниту една грешка. Многу битни беа нерешените резултати. Оваа екипа беше топ. Беа подготвени да гинат за екипата. Чусвтвото е пријатно-Македонија прво место“.

Сепак, Јанушевски се навраќа во минатото и истакнува дека сениорски медал е освоен на ЕП за региони во 2009 година во Мадрид, бронзен медал (Иво Цветсковски, Амир Беговиќ, Огнен Груевски, Мартин Несторовсоки беа од Меалург во таа екипа, а Томе Тодоровски, Жарко Арсовски и Богдан Мицов од Макпетрол).

„Тогаш за медал ги победивме Французите. Имавме многу тежок распоред и извојувавме три победи и еден пораз. Пред клучната борба беше нерешено, бидејќи Цветковски победи 8-0, Тодоровски требаше да изгуби најмногу со 7-0, за да го освоивме медалот. И таа екипа беше квалитетна“, констатира стратегот на Металург, надополнувајќи дека во 2011 година кадетите и јуниорите во Анкара со 4 победи го освоија бронзениот медал. Ќе споменеме дека кадетско-јуниорската екипа на ЕП во Приштина згауби 3-2 во борбата за бронзениот медал.

Јанушевски  направи пресек на финалните борби, односно како неговите ученици го освоија златниот медал.

„Првата борба, Виктор кој има особина на расен наѓач и обично го крши мразот, одлично се избори и цело време ја имаше инцијативата. Со неговата нерешена борба, која е рамна на победа, им го избивме адутот на Турците. Второ, Спасеновски го покажа својот талент и го победи противникот кој правеше најмногу поени за Турците. Третиот натпреварувач, Мартин Несторовски, обично во третата борба се прекршува резултатот, во тешка и тактичка пресметка, бидејќи имаше ривал кој работеше многу добро со нога, со многу акција со нога и рака го блокираше, а на крајот направи добар поен за победа. Во четвртата борба ни требаше нерешен резултат за да ја освоиме титулата. Семир Ќосовиќ кој е тврд борец и не се плаши, а доста експлозивен за неговата категорија, ја одработи договорената тактика. Не дозволи изнендаување. Петиот меч немаше потреба да се одржи, а требаше да се бори Азиз Исмаил“, нагласи Јанушевски и додаде:

„Покажавме дека и во екипна конкуренција може да постигнеме резултат, но тимот мора да диши како еден и да гинат еден за друг. Сите се квалитетни борци со голема желба за успех, а сето тоа резултираше со титулата. Во целиот меч ја контролиравме борбата со максимална дисциплина“.

Според првиот човек на Металург, исто така и во репрезентацијата екипата за борби треба да биде мотивирана, дури може да биде избрана само за екипен натпревар, оти се случувало од натпреварувачите од категориите да отсуствуваат во клучни моменти.

„И ќе нагласам, дисциплината одлучува во борбите“, категоричен е Јанушевски.

Металург сега се подготвува за Бергер натпреварувањето овој викенд за кадетско-јуниорската репрезентација.

„Сакаме да бидат добро подготвени натпреварувачите во кадети, јуниори и У-21 за Светското првенство во Тенерифе-Шпанија. Се надеваме дека нашите натпреварувачи добро ќе се подготват и ќе освојат медал на СП. Нормално, потребна е и спортска среќа“, истакнува Јанушевски.

Првиот меч со Косово Б Мелаург го доби 6-3, а победите ги извојуваа Виктор Крстевски, Мартин Несторовски и Семир Ќосовиќ, Азиз Исмаил се бореше нерешено, а Петар Спасеновски загуби.

Вториот меч со Црногорците 1 2-1, Крстевски – победи, Давид Петков – нерешено, Несторовски – поразен, Ќосовиќ – победи и Азиз – нерешено. Во финалето 2-0: Крстевски – нерешено, Спасеновски – победи, Несторвски – победа и С.Ќосовиќ – нерешено.

„Имавме избор на натпреварувачи, немваме дупка во екипата и можевме да тактизираме. Во финалето тактички добро се изборивме. Драго ни е што против силна екипа во финалето славевме. Само златото ни недоставуваше, бидејќи имаме една бронза од 2009 година заедничка со екипата на Макпетрол. Ова е чисто наш медал“, вели Дранаг Грдановски – Џеф, дел од тренерскиот тандем Јанушевски-Градновски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО