Жетва на медали за Хва ранг ИТФ на „Мали Зворник опен“ (ФОТО)

Натпреварувачите на ТКД Хва ранг ИТФ од Лескоец-охрид освоија 22 мадали – 9 златни , 2 сребрени и 11 бронзени, како и две признанија на Јане Димов кој доби пехар за најдобр јуниор и пехар за најдобар стар кадет на Давид Крстески на Меѓународниот турнир „Мали Зворник опен 2017“.

Јане Димов  освои злато во форми, јуниори 5-6 куп и злато во борби јуниори -75 кг. Со феноменални изведби и во спортски дух ги  совладал неговите противници, иако некои од нив се однесувале неспорстки . Поради ова тој го освои пехарот  за најдобар Јуниор.

Давид  Крстески кој пред две недели наполни 10 години тоа не му пречеше да  освои злато во форми 5-6 куп стари кадети и злато во борби  -35 кг стари кадети (14 години), иако протовниците беа повисоки од него.

„Тој во маестрален стил ги совлада противниците во неговата категорија и го освои пехарот за најдобар стар кадет, а со овај успех ветува дека во иднина може да не радува и на некое Европско или Светски првенство“, изјави неговиот тренер Марјанчо Лазаревски.

Антонио  Јанески  во категоријата јуниори форми 5-6 куп освои бронза, додека во борби јуниори -51 кг, во полуфиналето повторно се сретна со српскиот репрезентативец Дејан Матиќ, носител на црн појас  II дан, а Антонио е носител на зелен појас.

„И како што го знаеме, Антонио во негов стил, си играше како мачка со глушец,  и повторно го победи со огромна разлика. Во финалето интилегентно и брзо го совлада противникот и го освои златото во неговата категорија“, вели Лазаревски.

Други освојувачи на медали се:

Александар Јовановски –  сениори , форми за црн појас  дан сребро, борби  -71 кг злато

Давид Велковски – јуниори, форми-3-4 куп злато, борби  -57 кг бронза

Стефан Калансоки-јуниори, форми 5-6 куп сребро, борби -57 кг злато

Анастасија Велјаноска – стари кадетки , форми 7-8 куп бронза, борби -55 кг бронза

Христијан Митрески-јуниори, форми 3-4 куп бронза, борби -69 кг злато

Елена Јанеска  -стари кадетки, форми 7-8 куп бронза, борби -50 кг бронза

Дејан Митрески –јуниори,борби-57кг  бронза

Филип Трифуноски– стар кадет ,форми 7-8 куп бронза, борби -50 кг бронза

Ангела Велјансока –стари кадетки ,борби -50 кг бронза

На турнирот учествуваа околу 270 натпреварувачи од 22 клуба од 6 земји – Македонија, Србија, БиХ, Хрватска,Словенија  и Романија.

 Ipon.mk/В.Д.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО