Хамза Јашари: Се радувам за освоениот медал! (ФОТО)

„Се радувам на оставрениот резултат. Се надевам на уште поголеми резултати во иднина. На сите другари од репрезентацијата им посакувам успех“, изјави освојувачот на бронзениот медал на Балкаснкото првенство во џудо за јуниори, Хамза Јашари, кое се одржа во Текердаг – Турција.

Да посетиме дека тројца македонски џудисти се бореа за бронзени медали на Балканското првенство, Еди Шерифовски и Арбреша Реџепи не успеаја во борбата за медал и го зазедоа 5-тото место, иако имаа одлични настапи.

„Еди Шерифовски – денес имав доста борби, во секоја од нив го дадов максимумот. Имав мали грешки во некои борби кои се покажаа како клучни, затоа што не успеав да освојам медал. Но, се радувам на 5-тото место на БП“, рече Шерифовски.

Арбреша Реџепи вели дека во вторат борба прпуштила голема шнса да се пласура во полуфиналето за да си ја олесни работата и да освои медал.

„Во текот на борбите се сретнав со противници кои котираат доста високо на ранг листите. Мојата цел беше освојување на медал, но крајот завршив како петта, за што не се радувам, бидејќи имав отворена врата до медалот. Но, ќе се трудам грешките да ги попрвам во динина“, истакна Арбреша.

Резултати:

Хамза Јашари (-66 кг) го победи Анастиос Милонелис (Грција)
Хамза Јашари (-66 кг) го победи Драгош Парашив (Романија)
Хамза Јашари (-66 кг) е поразен од Умалт Демирел (Турција) – полуфинале
Хамза Јашари (-66 кг) го победи Георги Граматиков (Бугарија) – за бронзен медал

Еди Шерифовски (-73 кг) го победи Луиѓ Ватај (Албанија)
Еди Шерифовски (-73 кг) го победи Виктор Вуковиќ (Црна Гора)
Еди Шерифовски (-73 кг) е поразен од Разван Бурдусел (Романија – полуфинале
Еди Шерифовски (-73 кг) го победи Симон Гкраклов (Грција) – репасаж
Еди Шерифовски (-73 кг) го победи Един Хусеинбеговиќ (БиХ) – репасаж
Еди Шерифовски (-73 кг) е поразен Ахмет Бурак Чухадарт (Турција) – за бронза

Арбреша Реџепи (-48 кг) ја победи Кодрута Флорентина Лунгу (Романија)
Арбреша Реџепи (-48 кг) е поразена од Зелиха Џинџи (Турција)
Арбреша Реџепи (-48 кг) ја победи Мила Петровиќ (БиХ) – репасаж
Арбреша Реџепи (-48 кг) е поразена од Бејза Оздемир (Турција) – за бронза

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО