Миоки контра претседателот на ЏФМ: Не се почитуваат Статутот и Правилниците, не постојат комисии!

mioki-cel-klub-2016

Џудо клубот Миоки од Скопје реагира на изјавата претседателот Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ), Ванчо Настов, дадена за Ipon.mk, а во врска со барањето на 1/3 од клубовите кои бараат вонредно Собрание на Федерацијата.

Од Миоки за недоразбирањата поради задоцнета комуникација велат дека е „многу блага форма на изразување, бидејќи комуникација воопшто не постоела“. Во оваа насока се наведува дека за одржувањето, односно прифаќањето на иницијативата за вонредното Собрание дознавале од медиумите.

Од Миоки тврдат дека скоро ½ од клубовите се „фантоми“ однонсо „гласачки инструмент“ што е една од причините за свикување на вонредното Собрание, иако претседателот се повикува на Законот за спорт.

hamza-jasari-na-mioki-2016

„Неговата изјава дека постои Тренерска комисија е чиста лага, а постоењето на Дан комисијата е само на хартија“, наведуваат од Миоки и додаваат:

„Тренерска комисија не постои и тоа е една од причините за свикувањето на вонредно Собрание, а Дан комисијата постои само формално, бидејќи последниве 30-40 години (не се знае точно колку) до ден-денес таа Комисија не одржала ниту еден семинар или обука и не спровела ниту едно полагање за мајсторски појаси. Симптоматични и интригирачки се и самите дан појаси на членовите на истата комисија кои до ден-денес не покажале Сертификати за сопствените појаси, каде што треба да биде наведено каде полагале и пред кој испитувач, односно комисија. Притоа, земајќи во предвид дека испитувачот треба да има најмалку 2 степени повисок појас од испитаникот. Единствена „активност“ на истата комисија (што засега е непотврдено) е дека доделила мајсторски дан појаси на лица кои никогаш не се појавиле на испит. За таков појас или лица што не ги исполнуваат критериумите на ИЏФ, тоа претставува кривично дело. Дотолку повеќе што и самите членови на таа комисија доколку не поседуваат соодветен Сертификати можеле да бидат повикани на одговорност за лажно претставување“.

Mioki site vo Split 2016

Во врска со коментарот на претседателот за тренерот на Миоки, Игор Паскоски, според овој клуб, тоа е незрелост и провокација од страна на г.Настов, бидејќи тренерот на ЏК Миоки бил единствениот кој што ги пренел стекнатите искуства од учество на некакво стручно надградување.

„Токму по негова заслуга во 2010 година се одржа единственото полагање во нашата понова историја за дан појаси во Македонија под покровителство на ИЏФ и Македонскиот олимписки комитет, а како испитувач беше повикан г.Иан Веитерс (5 дан) ИЏФ. За прв пат тренери и џудисти полагаа и добија Сертификати за дан појаси. Исто така мора да потенцираме дека Дан комисијата не пројави интерес да се вклучи и не присуствуваше на 5-дневната обука и полагањето за дан појаси, иако постоеше отворена покана, што само по себе го потврдува формалното постоење.

Паскоски со помош на МОК успешно ги реализираше проектите Judo Schools I Development of National Sport Structure in Judo, паралелно одржувајќи семинари за тренери и судии, како и тренинзи и обуки со државните репрезентативци во соработка со експертот на ИЏФ, Андреј Мошанов (6 дан), кој дури 4 пати ја посети државата. Истовремено, за потребите на наведените проекти, со помош на МОК и ИЏФ, нашата федерација доби огромна донација на татами за џудо (576 м2) и кимона (200 парчиња) кои ЏФМ во поголем дел ги „злоупотреби““, истакнуваат од Миоки.

Igor PAskoski sam

Од Миоки велат дека неговиот директен ангажман и допринос во ЏФМ завршил во моментот кога Настов е нелегитимно избран за претседател и кога Паскоски без да биде разрешен од позицијата селектор е именуван нов селектор на сениорска репрезентација, што сметаат дека е приказна за себе.

На Паскоски не му објасниле од кои причини е реазрешен, иако најголемите успеси на сениорската репрезентација ги имал постигнато токму тој со џудисти кои лично ги тренира и се членови на ЏК Миоки.

Голема штета за ЏФМ е фактот што високо квалификуваните кадри како тренерот на ЏК Миоки се надвор од оваа Федерација, сметаат од овој клуб, а тоа било така заради егото и комплексите на поединци во ЏФМ. Оттаму нагласуваат дека Паскоски е магистер по „едукација во спортот“, носител на сертифициран 4 дан мајсторски појас, ICECP лиценциран тренер, тренер на најуспешниуот клуб во државата и единствен џудо тренер од Македонија кој учествувал на Олимписки игри.

„Жално е што Настов не смогна сили и не најде време да се позанимава со бројните проблеми и неправилности на кои со дописи се укажува веќе 3 години“, се наведува во дописот, нагласувајќи дека канцеларијата на ЏФМ работи нетранспарентно и презентира самоволие, а тоа е една од најголемите причини за свикување на вонредното Собрание.

„До клубовите се испраќаат селeктивни материјали, а поголемиот дел од информациите воопшто и не се доставуваат. Записник од последната седница на Собранието се уште не е доставен до клубовите, иако седницата се одржа пред 8 месеци“, тврдат од Миоки.

„Во ЏФМ не се почитува Статутот и Правилниците а само еден од примерите е Регистрационата комисија која(по директива на поединци), не го почитува сопствениот правилник и скоро една година не издава натпреварувачка легитимација на еден докажан репрезентативец кој не може да ги оствари своите права согласно Статутот и Правилникот за регистрација“, обвинуваат од овој клуб.

Донациите од ИЏФ и ЕЏУ во татами (душеци за џудо) и кимона се распределувале без критериуми и исклучиво за одржување на гласачкото тело, со чија помош со години опстојувала една група на луѓе, не водејќи грижа за спортистите.

Katerina i Igor na sveceno otvoranje na LOI 2016

„Македонија имаше историски настап во џудо на Олимписките игри во Рио 2016, но ЏФМ не го поддржа тоа учество, ниту, пак, некаде е спомнато дека Македонија имала свој претставник. Напротив, до последен момент од ЏФМ се обидуваа да го спречат учеството на Николоска на Олимписките игри“, категорично тврдат од Миоки.

Според наводите во дописот и Надзорниот одбор останал „глув“ на укажувањата за неправилностите и прекршувањата на актите на ЏФМ, а речиси и да не постоело тело или комисија во ЏФМ која нормално функционира.

„Искрено се надеваме дека на вонредното Собрание, кое следи, присутните ќе се определат за решавање на проблемите и развој на спортот преку почитуваење на Статутот и Правилниците на ЏФМ, како и Законот за спорт, што ќе допринесе за нормално функционирање и враќање на довербата во комисиите и телата на ЏФМ“, зкалучуваат од Миоки.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО