Поветкин повторно е позитивен на допинг тест, откажана борбата за привремениот појас на ВБЦ

povetkin-stivern-merenje

На ден пред борбата за титулата на привремен светски шампион на ВБЦ меѓу Александар Поветкин и Бирмејн Стиворн објавено е дека Русинот повторно е позитивен на допинг тест.

ВБЦ ги дознал резултатите од тестот 20 часа пред почетокот на средбата и одлучи да се повлече од борбата. Тестирање го спроведе Доброволаната антидопинг агенција (ВАДА).

Поветкин беше позитивен на остерин, кој може да послужи за зголемување на издржливоста и потенцијално да има ефекти слични на анаболички стероиди.

Тренер на Стиворн, Дон Хаус изјави дека борбата е откажана.

Пред еден месец Стиворн беше позитивен на тестот на стимулнасот метилхексамин и казнет со 750.000 долари.

Поветкин беше позитивен на допинг тест во пресрет на планираната борба со Дионтеј Вајлдер во мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО