Мики Рурк ослабел 15 килограми заради боксерскиот меч

miki rurk 1

Познатиот холивудски актер, Мики Рурк, ослабел 15 килограми за боксерскиот меч во Москва.

Овој петок тој ќе има меч во пет рунди со 29 годишниот Американец Елиот Сејмур. Покрај оваа борба, Рурк планира уште 4 средби во Русија.

„Многу се радувам што пристигнав мечот во Москва. Русија, досега, секогаш сум видувал само ноќе, а сега ќе можам да ја разгледам земјата и во текот на денот. Тренирам по три пати на ден со својот тренер, заедно со Егор Мехонцев и Руслан Проводников. Tие се многу вредни луѓе, како и сите други руски боксери“, изјави 62 -годишниот актер.

Мики Рурк соопшти поранешниот светски шампион во полусредна категорија на Светската боксерска организација (WBO) Руслан Проводников, го натерал да се врати во рингот. Русинот ќе боксира во главниот мч на вечерта во Москва, против Хозе Луис Кастилјо од Мексико.

mikirurk 2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО