Почина големиот мајстор на кендото Имаи

Кескоски, Имаи и Ишии
Кескоски, Имаи и Ишии

Мајсторот за кендо и ајаидо, воедно и карате мајстор, Златко Кескоски, соопшти дека денес на 94 годишна возраст починал Имаи Сенсеи, кој беше една од живите легенди на кендо вештината во Јапонија, носител на 8 дан Ханши и единствен предлог за 9 дан во кендо.

imai isi

Имаи Сенсеи е директен учител на  учителот на Кескоски, Ишии Сенсеи, повеќе од 40 години.

„Јас се сретнав со него пред 6 години, со кого имав чест дури и да се борам! Во негова чест и слава на неговиот живот утре во Зен Кен Доџо Јошин ќе се одржи молитвен тренинг со сите кендоки кои можат да присуствуваат од клубовите“, нагласува Кескоски на својот ФБ профил во чест Имаи.

Слава му!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО