Мерван Мемеди млад каратист што ветува, имаше забележителен настап на ЕП
Мерван учествуваше на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Лимасол –Кипар, во категоријата до 52 килограми во кадетска конкуренција, при што генерален пласман беше на 7 место.

Мерван Мемеди член на КК Кеикс од Скопје од 2017 година, репрензетативец и освојувач на многу домашни и меѓународни натпревари, државен првак, златни медали на Вогошча опен, Лорд куп, Илиџа опен, вадо рју шампион, Катана опен и многу други. Брилијанти успеси кои предвидуваат богата спортска иднина за Мерван.

Мерван учествуваше на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Лимасол –Кипар, во категоријата до 52 килограми во кадетска конкуренција, при што генерален пласман беше на 7 место.

„Спортот е наша семјна традиција која со години наназад генерациски се пренесува од една на друга генерација. Речиси да нема некој од нашето семејство кој не тренира некој спорт. Порано наш семеен спорт беше пеливанското борење. И гледајки ги моите чичковци како се борат многу го засакав спортот, и си реков и јас ќе тренирам некој спорт. Мојот избор беше каратето кое многу го засакав гледајќи го мојот постар брат Мевлуд како ги победува своите противници на атрактивен начин. Не изостануваше поддршката од моето семејство, посебно од татко ми Раиф, кој е страствен љубител на спортот и ме следи на сите на моите настапи. Беше и на ова Европско првенство кое за мене беше прво натпреварување на кое учествуваа најдобрите репрензетативци од цела Европа. Од сите имав голем мотив и поддршка да го дадам максимумот и да се вратам со медал. Мислам дека тоа го очекуваа од мене. Но, една недела пред самиот натпревар, за кој се спремавме долго и квалитетно, надвор од салата се здобив со исекотина на десната нога, тоа ме спречи да тренирам таа седмица пре ЕП. Како и да е 7-то место е пласман кој укажува на моите потенцијали. Останува појако да се подготвувам во мојот матичен клуб за следниот предизвик, затоа што ова е само почеток на мојата спортска кариера“, вели Мерван .



