АктуелноЕвропски првенстваКарате

Немања Младеновиќ ќе се бори за златен медал на Европското карате првенство во Лимасол

Немања Младеновиќ се пласира во финалето на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Лимасол, Кипар, и обезбеди најмалку сребрен медал за Македонија. Тој е херојот на Македонија кој наветстува успех на каратистите на ова ЕП.

Немања Младеновиќ се пласира во финалето на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Лимасол, Кипар, и обезбеди најмалку сребрен медал за Македонија.

Младеновиќ до финалето извојува четири победи во категоријата над 70 кг над противници од Ирска, Чешка, Грција и Словачка.

За златото ќе се бори со Омар Ѓоргичијани од Грузаија.

За жал, Мерван Мемеди во клучната борба во репасажот загуби од Шпанецот Лопез и го освои 7.место.

Да потсетиме дека Марко Џорлев во категоријата до 63 килограми ќе се бори за бронзен медал.

На ЕП настапуваат 1276 каратисти со 1205 натпреварувачи од 47 држави.

Резултати Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Лимасол:

Кадети

-52 кг
Мерван Мемеди – Максим Марчинек (Чешка) 3-0
Мерван Мемеди – Фриц Фихтелман (Германија) 1-0
Мерван Мемеди – Хуго Перез Лопез (Шпанија) 0-6

-70 кг Иса Елмази – Јоанис Псомас (Грција) 0-6

+70 кг
Немања Младеновиќ – Марсел Гора (Ирска) 4-0
Немања Младеновиќ – Лукас Виташек (Чешка) 4-0
Немања Младеновиќ – Панагиотис Лазаридис (Грција) 2-1
Немања Младеновиќ – Рихард Митрик (Словачка) 3-1
Финале
Немања Младеновиќ – Омар Ѓоргичијани (Грузаија)

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON