Мек Грегор: Се молам за татко му на Хабиб

Таткото на Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап поради компликации со пневмонија беше пренесен во московска болница и падна во кома. Сериозноста на здравствената состојба на Нурмагомедов сениор го крена на нозе целиот УФЦ свет затоа што ова семејство значи многу.

И Конор Мек Грегор, заколнат непријател и ривал на Нурмагомедови, брзо реагираше, па на својот твитер профил испрати целосна поддршка.

„Човек кој создал многу ветски шампиони во многу дисциплини, тој е гениј во светот на боречките вештини. Се молам за здравјето на Абдулманап Нурмагомедов“, напиша Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО