Вајлдер побара 10 милиони долари за да дозволи борба Џошуа-Фјури

Американскиот боксер Дионтеј Вајлдер се согласува да не се бори по трет пат против Тајсон Фјури и да го отстапи редот на Ентони Џошуа. Тој постави два услови за тоа да се случи. Еден од нив е финансиски, што не е ни изненадување.

Според essentialsports.com, Вајлдер се согласил да се откаже од своето место за борба против Фјури доколку му бидат понудени 10 милиони долари. Негов друг услов е да се бори против победникот од дуелот Ентони Џошуа – Тајсон Фјури.

Промоторот на Џошуа, Еди Харн, даде краток коментар на овој предлог.

– Никогаш не кажувај „никогаш“, но е малку веројатно, вели Херн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО