Тешеира уверлив во дуелот на бившите предизвикувачи, Ротвел го победи Овинс Сент Про (ВИДЕО)

314

УФЦ Фајт најт 171 заврши пред некое време во Флорида. Во главната борба Гловер Тешеира (31-7 MMA, 14-УФЦ) се справи со поранешниот предизвикувач за титулата во тешка категорија, Ентони Смит (33-15, 8-5 УФЦ). Бразилецот успеа да го победи со технички нокаут во 5-тата рунда.

Пред нив, Бен Ротвел го засени дебито на Овинс Сент Про во тешка категорија и го победи со поделена одлука.

УФЦ Фајт најт 171:
Гловер Тешеира – Ентони Смит со ТКО 5, 1:04
Бен Ротвел – Овинс Сент Про со одлука на судиите (28-29, 29-28, 29-28)
Дру Добер – Александар Хернандез со ТКО 2, 4:25
Рики Симон – Реј Борг со одлука (28-29, 29-28, 29-28)
Андреј Арловски – Филипе Линс со одлука (30-27, 30-27, 29-28)
Тијаго Моис – Мајкл Џонсон со завршница 2, 0:25

Сијара Јубенкс – Сара Морас со одлука (30-27, 30-27, 30-26)
Омар Моралес – Габриел Бенитез со одлука (30-27, 29-28, 29-28)
Брајан Келехер – Хантер Азуре со КО 2, 3:40
Чеис Шерман – Исак Вилануева со ТКО 2, 0:49