Таткото на Хабиб Нурмагомедов се разбудил од кома

119

Абдулманап Нурмагомедов, татко и тренер на познатиот УФЦ борец Хабиб Нурмагомедов, се разбудил од кома.

Таткото на Хабиб моментално се наоѓа во воена болница во Москва, каде имал операција на срцето, а поради воспаление на белите дробови, докторите го ставиле во вештачка кома.

Како што наведува пријател на семејството, Абдулманап е свесен, но сè уште не почнал да зборува.

„Денеска стана свесен, но сè уште не проговорел. Вчера беше во кома по операцијата на срцето”, изјавил Рамазан Рабаданов за „60 ТВ”.