Мек Грегор продолжува да тренира со Џон Каванаг

Конор Мек Грегор ќе продолжи да тренира кај својот долгогодишен тренер Џон Каванаг. Тоа го потврди спаринг партнерот на ирската ММА ѕвезда Артем Лобов.

Во последниве месеци се појавија гласини дека Мек Грегор има намера да направи промени. Тие беа засилени и од самиот Каванаг, кој во своите интервјуа откри дека Конор не донел правилни одлуки при враќањето за мечот со Хабиб Нурмагомедов.

„Конор останува со нас“ – рече Лобов и додаде:„Ние сме членови на „Стрејт бласт џим“. Многу спортисти кои ги завршија своите кариери отворија сопствени сали. Имаме многу места каде да тренираме, но остануваме членови на „Стретјт бласт џим“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО