Противникот на Волкановски – Жозе Алдо отпуштен од болница

Бразилската ММА легенда Жозе Алдо е отпуштен од болница. Долгогодишниот шампион на УФЦ во перо категорија беше хоспитализиран по бактериска инфекција, како резултат на рана во коленото.

Ветеранот се подготвуваше за мечот против Македонецот Александар Волкановски кој живее во Австралија. Нивната борба е закажана за УФЦ 237. Се очекува до крајот на неделава Алдо да објави дали ќе успее да се подготви или средбата ќе биде одложена. Јужноамериканецот е во одлична форма. Тој ги нокаутира Џереми Стивенс и Ренато Моикано во последните два меча.

https://www.youtube.com/watch?v=VH_h9uzilPE

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО