Тајсон Фјури: Вајлдер и Џошуа можат само да ми ги носат торбите

Тајсон Фури сè уште сака реванш против Дионтеј Вајлдер и инсистира на тоа дека тоа треба да се случи. Но, Фјури нема да пати ако пак не се сретнат во рингот, бидејќи по првата борба се чувствува како победник. Тие се бореа минатата година, при што средбата заврши нерешено. Беа блиску до втора битка, но не се договорија и сега имаат нови противници. Тајсон ќе се бори во јуни против Том Шварц, а Вајлдер во мај со Доминик Бризил. Фјури се надева дека ќе има реванш меч по нивните борби. Во неодамнешно интервју рече дека не бил импресиониран од Вајлдер и Џошуа и дека можеле само да му го носат багажот.

„Втората средба мора да се случи. Тоа беше голема борба. Порано или подоцна ќе мораме повторно да се бориме. Нема да се случи следните настапи, бидејќи јас ќе се борам против Том Шварц, а и тој со Доминик Бризил. Се надевам дека тоа ќе биде по овие битки. Нема да ви кажам што може да направи Дионтеј, бидејќи веќе го победив. Целиот свет го знае тоа. Не се интересирам за него.

Ќе се бориме, ако има втора борба, но дури и да не се случи тоа, Вајлдер знае дека го победив. Сите го знаат тоа. Нека го прифатиме фактот дека тој е никој. Тој беше никој пред да се бори со мене. Вајлдер загуби од мене и пак си остана никој. Вајлдер и Џошуа можат само да ми ги носат торбите и чевлите.

Кога и двајцата ќе се борат и ќе изгубат, ќе ги ангажирам да работат за мене. Јасно е дека немаат многу ментален капацитет. Ќе ги најмам кога ќе ги потрошат пари. Ќе се борам на 15 јуни во Вегас“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО