Мек Грегор му се потсмева на Јан, споредувајќи го со Хасбула

Поранешниот шампион на УФЦ во перо и лесна категорија, Конор Мек Грегор (22-6) се пошегува на сметка на рускиот борец Пeтaр Јан (16-3), споредувајќи го со блогерoт Хасбула.

„Честитки до Хасбула за потписот со УФЦ“, напиша Конoр на социјалните мрежи приложувајќи фотографија од Јан.

Во септември се дозна дека Хасбула Магомедов потпишал договор со УФЦ, кој вклучува присуство на турнири, како и интеракција со медиумите. Неговиот менаџер истакна дека блогерот нема да учествува во борби.

Јан ќе се соочи со Американецот Шон О’Мели на УФЦ 280 денеска во Абу Даби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО