Еди Херн верува дека мечот меѓу Фјури и Џошуа може да биде договорен за 2023 година

Познатиот промотер и сопственик на организацијата Мечрум бокс Еди Херн верува дека боксерскиот меч меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа би можел да се одржи следната година.

Тимот на Фјури и тимот на Џошуа неодамна разговараа за потенцијална борба на 3 декември, но не беше постигнат договор.

Кралот на Ромите се сврте кон нов противник и договори меч на истиот датум против Дерек Чисора.

Сè уште не е познато кој е следниот потег на Џошуа, бидејќи поранешниот двократен светски шампион се опоравува од двата порази по ред против Александр Усик.

Голем број имиња се поврзуваат со неговото враќање, вклучувајќи ги Демси МекКин и Ото Валин, но промоторот на Џошуа, Еди Херн, сè уште сака да организира борба против Фјури во следните 12 месеци.

„Дискусиите со тимот на Фјури беа добри и се надеваме дека борбата ќе се одржи во 2023 година“, рече Еди Херн и додаде:

„Џошуа е мојот шеф и ако ми каже дека морам да го сторам тоа, ќе го сторам тоа. Ако ми каже дека сака да се бори со Тајсон Фјури, бараме тоа да се случи. Но, времето минува, а ние сакаме да го видиме во големи борби“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО