Мек Грегор: Мејведер против мене ќе мора да се реинкарнира во Брус Ли

Шампионот на УФЦ во лесна категорија Конор Мек Грегор во сабота го има професионалното бокс деби против еден од најдобрите боксери на сите времиња Флојд Мејведер.

На 29-годишниот Ирец не му недостасува доверба пред натпреварот во Лас Вегас. Единаесет годишни постариот Американец во рингот влегува по двегодишна пауза со резултат од 49-0. Со победа ќе го собори рекородт на Роки Марчијано.

Повеќето набљудувачи на оваа борба гледваат како на целосна неусогласеност.

Мек Грегор планира уште на почеток да тргне на нокаут, а предвидува дека тоа ќе се случи во првите четири рунди.

„Ноториус“ вели дека Мејведер ќе мора да го врати Брус Ли ако мисли да се носи со него. Смета дека неговите спаринг партнери не можат да му помогнат да се бори против него.

„Кој друг мајстор на боречките вештини е како мене? Ќе мора да се реинкарнира во Брус Ли, тоа е единствената личност што би можела да го имитира начинот на кој му проѓам јас. Јас не сум како ниту еден друг ММА борец. Јас не сум како ниту еден друг боксер. Јас сум класа за себе, а тоа ќе го докажам на 26 август“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО