Борбата Ломаченко-Ригондо е блиску до реализација

Наводно е постигнат договор за една од најдобрите битки во денешниот бокс.

Списанието Ринг пишува дека борбата помеѓу Васил Ломаченко и Гилермо Ригондо е близу до реализација.

Шефот на Топ ранг, Боб Арум, откако неговиот боксер Теренс Крафорд го нокаутира Јулиус Индонго и ја обедини полусредна категорија изјави дека следната борба на Ломаченко е на 9 декември во Медисон сквер гарден во Њујорк.

Двајцата кандидати за „Hi-Tech“ противникот: Орландо Салидо, кој го совлада Украинецот во втора профи борба, а ВБА светскиот шампион во категоријата до 55,3 килограми Гилермо Ригондо, кој е шестти на паунд фор паунд листата на Ринг.

Арум не го откри името на противникот, но Ринг пишува дека повеќе извори потврдуваат дека е постигнат договор.

Ломаченко (9-1, 7 КО) и Ригондо (17-0, 11 КО) се двократни олимписки шампиони и професионален светски шампиони.

29-годишниот Украинец со злато се закити во 2008 година во Пекинг и четири години подоцна во Лондон. 36-годишниот Кубанец олимписки победник стана прво во Сиднеј во 2000 година, а потоа во 2004 година во Атина.

За оваа борба Кубанецот ќе подигне за речиси четири килограми за напад на ВБО титулата на Ломаченко во суперлесна категорија.

„Тоа ќе биде историски настан во мојата професионална кариера. Ова никогаш порано не е направено. И двајцата беа два пати олимписки шампиони, тоа е нешто посебно, историјата ќе се сеќава на тоа“, рече 85-годишниот Арум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО