Мек Грегор лице в лице со Чендлер (ФОТО)

Ирската ММА ѕвезда Конор Мек Грегор ги објави првите фотографии на кои се соочува лице в лице со својот иден противник Мајкл Чендлер. Фотографиите се направени за време на боречкото реално шоу ТУФ, кое е продуцирано од УФЦ.

Борците се соочуваат традиционално пред крајот на секоја сезона од шоуто. Во овој момент финалистите од двата тима на спортисти обично веќе се познати. Мек Грегор и Чендлер треба да се соочат кон крајот на оваа година, но точниот датум и место допрва треба да бидат објавени.

Самиот Мек Грегор изрази желба мечот меѓу нив да се одржи во категоријата до 170 фунти, но од организацијата се уште не соопштуваат дали се согласуваат ова да се случи или не.

Мајкл Чендлер е првпат тренер на ТУФ, а Мек Грегор има претходно искуство со шоуто кога застана како асистент неколку дена. Ова беше сосема доволно за Ирецот да се вмеша во неколку скандали и да дојде во конфликт со дел од учесниците. Сè уште не знаеме дали гризечката природа на даблинскиот борец се покажа оваа сезона, но објавените фотографии даваат индикации дека Конор одвоил време за своето омилено виски Пропер 12 додека ги тренира надежните млади спортисти. Фотографиите покренаа и прашања за тоа како точно Ирецот се подготвува за борба со зголемените килограми, вечните забави и пристапот до алкохол.

Чендлер и Мек Грегор се враќаат во октагонот по поразите од Дастин Пориер, кој двапати го победи Конор во последните години. Во нивната втора борба, Мек Грегор тешко ја повреди потколеницата и му требаше време да се опорави. Чендлер, пак, го загуби мечот со Дастин по техника на гушење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО