Мек Грегор е уапсен и задржан во полицијата!

Конор Мек Грегор е притворен од полицијата на Њујорк. Ова го потврди портпаролот на станицата Џорџ Цуровакас за „ММА Џанки“. Во моментов се врши истрага, а истражителите распрашуваат учесници и очевидци во најголемиот инцидент во историјата на УФЦ.

Изминатава ноќ по македонско време, Мек Грегор и негови пријатели нападнаа автобус со борци за УФЦ 223 меѓу кои беше Хабиб Нурмагомедов. Тие со камења и и со метал од ограда го нападнаа и го искршија стаклото на возилото. Во нападот има и повредени, поради што веќе се откажани три натпревари од галавечерта УФЦ 223, а еден од тие и оној на Артем Лобов кој ја зпаочна целата ујдурма со Хабиб во хотелот.

Се очекува против Конор да биде покренато обвинение за напад.

Во последните часови се разбра и дополнителни информации околу нападот. Мек Грегор влегол во „Барклис центарот“ во Бруклин, откако користел помош на акредитирани новинари од неговиот сајт „TheMacLife.com“. Во негово друштво бил клубскиот колега Артом Лобов. Тие се придвижиле до паркингот каде стоел автобусот со борците, кои требало да бидат однесени во хотелот.

Видеа покажуваат како Мек Грегор се обидува да фрли заштитна ограда по автобусот. Тој е запрен, по што фаќа количка и ја фрла прозорецот кој е целосно униште. Дел од стаклата влегуваат во лицето на борецот од лесна категорија Мајкл Киеза и влегуваат во окото на борец од категоријата мува – Реј Борг. Двајцата повредени требаше да се борат на галавечер, но добија забрана од докторите.

Шефот на УФЦ, Дејна Вајт го опиша нападот како „најгрозоморно нешто што се случило во историјата на франшизата“. Тој се закани дека ќе има тешки последици.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО