Мек Грегор дури во февруари ќе започне со тестирање за допинг, би можел да се врати во втората половина од годината

Чешкиот ММА борец Јиржи Прохаска, спрема податоците на Американската антидопинг агенција, годинава 59 пати дал примерок за тестирање.

За жал, без оглед на тоа што УСАДА често му тропаше на врата, довчерашниот шампион на УФЦ во полутешка категорија нема да ја брани титулата на 10 декември.

Имено, Прохаска сериозно го повреди рамото на тренинг, а ќе отсуствува најмалку шест месеци.

Во својата објава на социјалните мрежи напиша дека го напушта тронот, бидејќи не сака да ја попречува категоријата.

Јиржи требаше да се бори со Бразилецот Гловер Тешеира следниот месец на настанот УФЦ 282 во Лас Вегас, прочитајте повеќе за тоа ТУКА.

А протоколот на УСАДА наскоро треба да го вклучи Конор Мек Грегор. Големата ѕвезда на УФЦ ја имаше последната борба во јули минатата година кога ја скрши ногата на мечот против Дастин Пориер.

Славниот Ирец често објавува фотографии и видеа од тренинг, па фановите се надеваат дека тој наскоро ќе може да се врати во октагонот.

Бидејќи борците на УФЦ мора да бидат во рамките на протоколот најмалку шест месеци пред да добијат дозвола за настап, Мек Грегор би можел да се врати на борбите дури во втората половина на 2023 година.

„Во февруари ќе бидам подготвен за тестирање. Ќе имам два теста според УСАДА, а потоа ќе договориме борба“, напиша Конор Мек Грегор на Твитер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMA Junkie (@mmajunkie)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО