Мек Грегор му се закани на Хабиб дека ќе му го претепа целото семејство: Јас сум лав, а ти стаорец!

Поранешниот шампион на УФЦ во две тежински категории, Ирецот Конор Мек Грегор објави нова објава на социјалните мрежи на која прикачи фотографија со Русинот Хабиб Нурмагомедов.

„Кралот Лав одмoра. Тој е неповреден. Нема да направат ништо. Чекај, кога ќе станам, ќе ти го тепам целото семејство. Овој ебан лав почива во самиот центар на кафезот. А стаорецот го знае тоа“, напиша Мек Грегор во типичен стил.

Конор не се борел откако ја скрши ногата во неговиот втор последователен пораз со ТКО од Дастин Пориеr на УФЦ 264 во летото 2021 година.

Откако доби уште една повреда неговото враќање стана можно дури во 2023 година. Но, Ирецот повеќе од една година нема дадено допинг тест и тоа ќе го одложи неговото враќање во рингот. Тој нема добиено борба во УФЦ повеќе од три години.

Борбата меѓу Нурмагомедов и Мек Грегор се одржа во октомври 2018. Тогаш Русинот победи во четвртата рунда, нанесувајќи му го вториот пораз на Ирецот во организацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО