Мек Грегор: Да го начукам на сите што се сомневаат во мене!

conor-mcgregor-mustak

Конор Мек Грегор нема пораз во УФЦ и доминира над речиси сите свои противници, но и трпи доста критики за тоа дека не е некој цврст борец кој има солидна борба. Мек Грегор не е особено задоволен од тоа и изјави дека не случајно е претендент за титулата во перо категорија.

 „Секогаш велат по нешто. Но, ќе ви кажам, бидејќи и вие звучите како еден од оние луѓе – секогаш ќе се најде некој да каже нешто да го минимизира мојот труд. Секогаш ќе има прашања. Секој дуел е прашање. Сега прашањето е за борбата. Потоа ќе биде прашањето за привремената шампионска титула. Откако ќе го победам Чад, ќе речат дека изгубил бидејќи имал само две недели за подготовка.

Секогаш ќе има некој да се обиде да го минимизира мојот успех. Но, на крајот на краиштата, парите го победуваат и тоа. А јас, затоа сум тука. Јас сум тука за да го соборам рекордот по гледаност и да соберам дебели чекови. И да го начукам на сите кои се сомневаат во мене“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО