Мечот на векот Мејведер-Пакијао заработил 600 милиони долари!

mayweather-pacman

Флојд Мејведер заработил вкупно меѓу 220 и 230 милиони долари од средбата со телевизиските права. Ова го соопшти телевизискиот канал ЕСПН.

Хонорарите на двајцата боксери беа распределени во сооднос 60:40 во корист на Мејведер. Пакијао вкупно заработил околу 150 милиони долари, но дел од оваа сума тој е должен да даде на промоторите – Боб Арум и компанијата „Голден бој промоушн“.

Мејведер е ослободен од овој дел од трошоците, бидејќи тој поседува сопствена промоторска компанија. „Мечот на векот“ на 2 мај во Лас Вегас, во кој Мејведер го победи Пакијао на поени, го подобри рекордот по бројот за платено гледање на натпреварот – над 4,4 милиони луѓе платиле по 100 долари за „пеј пер ву“ за висок квалитет и по 90 долари за обичен квалитет.

Организаторите на натпреварот од продажабата на телевизиските права заработиле над 400 милиони долари, а од продажбата на билети – 72 милиони долари. Според податоците на изворот на ЕСПН, вкупниот профит е околу 600 милиони долари, што е рекорд во историјата на професионалниот бокс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО