Петра Матијашевиќ во таеквондо е адут за медал на Универзијадата!

Petra Matijasevic

Петра Матијашевиќ ќе го има вториот настап за македонската репрезентација во таеквондо на Универзијадата во градот Гвангжу, Кина, што денеска беше свечено отворен, а ќе трае до 14 јули.

Матијашевиќ настапува во категоријата до 73 килограми и од неодамна зема македонско државјанство. На Светско првенство во Чељабинск, каде што во првото коло (16-тинафиналето) загуби од Марина Тедеева од Азербејџан.

Стручниот штаб на репрезентацијата е оптимистички расположен и очекува медал од Петра.

Таа во македонската репрезентација ќе брка олимписка норма, а кредбилитет за тоа се бронзата од ЕП во Манчестер, В. Британија, во 2012, потоа среброто на младинското СП во Сунчеон, Јужна Кореја, во 2004, има злато и сребро на студентските СП во Виго, Парагвај, во 2010 и во Белград, Србија, во 2008, како и бронза на Универзијадата во Белград 2009 година. Има повеќе пласмани меѓу првите 10 на европски и светски првенства во сениорска конкуренција.

Македонското знаме на свеченото дефиле го носеше државниот рекордер во пливање Горазд Чепишевски.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО