Европско првенство во џудо: Слаб почеток на нашите репрезентативки

borba na eP judo

Абреша Реџепи (-48 кг) и Берна Шерифовска (-52 кг) на Европското првенство за кадети во Софија-Бугарија, забележаа порази на стартот на шампионатот.

Реџепи е совладана од Турчинката Тугче Бруер со еден ипон. Со истиот резултат од ЕП се опрости и Шерифовска, која не успеа да и се спротистави Сем ван Дун од Холандија.

На првенството настапи и тетовчанката Блерина Сефери за репрезентацијата на Германија и забележа една победа и еден пораз. Славеше против Словенката Каја Кајзер, а беше совлдана од Жужана Рехакова од Чешка.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО