Мејведер призна дека Мек Грегор има предности во нивниот дуел

Приврзаниците на боречките спортови веќе со месеци го чекаат бокс шоуто меѓу шампионот на УФЦ во лесна категорија Конор Мек Грегор и боксерската легенда Флојд Мејведер. Сега се на само неколку недели до оваа битка.

Нормално, кога влегува во битка, Мејведер првенствено зборува за себе. Сепак, во своето последно интервју, повеќе време посвети на својот противник. Поранешниот боксерски шампион во пет категории во интервју за Стефен А.Смит од ЕСПН објасни зошто Мек Грегор има некои предности во нивната пресметка.

 

„Тој е доста млад. Кога ќе се погледнам себе и Конор Мек Грегор на хартија, тој е повисок, има поголем опсег и е поголем од мене од глава до пети. Тој е многу помлад па младоста е на негова страна. А неколку години бев надвор спортот. Сега сум на 40 години. Значи, ако ги погледнете работите на хартија, тој има повеќе предности“, вели Мејведер.

Коментарите на Мејведер може да наведат некои луѓе да помислат дека едноставно се оправдува во случај ако Мек Грегор го шокира светот, односно по некоја случајност го победи. Тешко е да расправаме за фактите што ги наведе Мејведер. На крајот на краиштата, сепак, се уште има неверојатен професионален рекорд од 49-0, но од 2011 година никој не нокутирал.

„Не реков дека не можам да се борам, само реков дека не сум исиотт Флојд Мејведер што некогаш сум бил“, објасни тој.

Немојте да бидете измамени, тој е подготвен да го направи најдобриот резултат против УФЦ шампионот. Дури може да има и некоја дополнителна мотивација со која ќе влезе во овој дуел, откако Мејведер слушна некои зборови на омраза од Мек Грегор на своја адреса за време на промотивната турнеа. Флојд, исто така, објасни дека најголем проблем со Ноториус била употребата на расистички навреди од страна на Ирецот.

„Не ми се допадна кога не нарече мајмуни“, рече Мејведер.

Најплатената битка на годината ќе се одржи на 26 август во Т-Мобиле арена во Лас Вегас, Невада. Настанот се очекува да биде најпрофитабилен во историјата на боречките спортови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО