Андерсон Силва се враќа во октагонот за топ борба

ММА заедницата со нестрпеление го чека враќањето на поранешниот крал на средната категорија, Андерсон Силва.

Се очекува Силва да се сретне со Келвин Гастелум на УФЦ Фајт најт настанот кој ќе се одржи на 25 ноември во Шангај, Кина.

Келвин Гастелум (13-3-1) ќе влезе во оваа борба по поразот од поранешниот шампион во средна категорија Крис Вајдман на УФЦ на Фокс на 25 јули.

Андерсон Силва (34-8-1) последен пат во октагонот влезе во февруари, кога забележа победа со едногласна одлука над Дерек Брунсон. Пред победата на Брунсон последната победа на Силва беше во 2012 година против Стефан Боннар. Пајакот помина тежок пат за да се врати на победничката патека откако ја загуби титулата во средна категорија од Крис Вајдман на УФЦ 162, но оваа година се прибра и го направи тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО