„Мечот на шампионите“ со рекорден број на учесници

Боксерските случувања не стивнуваат и викендов што доаѓа (сабота, 14 октомври), во Скопје се одржува третиот Меѓународен турнир „Мечот на шампионите“.

Досега учеството го потврдиле боксери од Црна Гора, Албанија, Косово, Србија, како и од нашите клубови Водно, Лав Куманово, Илинден,Чаир, Шкупи, Пинк Пантер и домаќинот Аперкат. Се чекаат потврдите уште на некои домашни клубови.

Се очекуваат интересни борби, бидејќи боксерите влегоа во ритам со Првата и Младинската лига на Македонија. Најдобриот македонски боксер Гоце Јанески два пати го освојуваше овој трофеј кој од година во година станува се попрестижен.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО