Бени Османоски на турнирот на четиримината „Кралот на Кралевите“ во Естонија (ФОТО)

Во сабота на 14 октомври Бени Османоски ќе настапи во Талин, Естонија, на турнирот на четиримината најдобрите кикбоксери во категоријата до 85 килограми, Кралот на кралевите светската серија (King of Kings World Series). Тој ќе се сретне со Петрос Вардакас од Грција, а вториот пар е Александер Олејник (Украина) и Павел Турук (Белорусија).

„Во сабота се борам во Естонија на еден од најголемите турнири во професионалниот кикбоксерски свет така наречен „Кралот на Кралевите“. Ќе бидеме четворица учесници, а еден ке биде победникот, кој ќе биде следниот предизвикувач за титулата. Подготвен сум не да бидам дел од гала-вечерта, туку да земам се“, напиша Османоски на својот ФБ профил.

Бени долго време го највуваше овој меч во шифри, а денеска го обелодени, како еден од најголемите предизвици во кариерата.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО