Mечот меѓу Теренс Крафорд и Ерол Спенс може да се договори октомври

Иинтересен боксерски дуел во полусредна категорија би можел да се договори за октомври. Имено, се повеќе се шепоти дека наскоро треба да се договорат непоразениот Теренс Крафорд (38-0, 29 КО), сопственикот на ВБО појасот и Ерол Спенс Јуниор (28-0, 22 КО), кој ги има појасите на ВБЦ, ИБФ и ВБА (Супер).

Крафорд неодамна ја напушти промоцијата на Топ ранг, па сега мечот против Спенс, кого го застапува ПБЦ, може многу лесно да се реализира .

„Сега никој не може да ги запре преговорите и да биде пречка на патот да го договориме нашиот дуел. Да видиме кој е најдобар во велтер категорија – изјави неодамна Теренс Крафорд.

Преговорите добро напредуваат, а средбата треба да се одржи во октомври во Лас Вегас.

Последниот меч Теренс Крафорд го имаше во ноември минатата година кога со прекин во десетата рунда го победи Шон Портер.

Во април, Ерол Спенс, по пауза од повеќе од една година, го победи и Јорданис Угас со прекин во десетата рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО