Масвидал: Не ми пречи да му ја скршам вилицата на Нејт Дијаз

Во последните неколку месеци најголемата активност што ја гледаме од Нејт Дијаз се неговите објави на социјалните мрежи. Нејт не престана да сака да се бори со секој што не се плаши од него. Дијаз има уште една борба од договорот со организацијата и едвај чека да стане слободен агент.

За жал, Дијаз се уште не најде противник. Хорхе Масвидал веќе направи една битка со Дијаз во 2019 година. Тие се бореа за инаугуративната титула во БМФ (Најлошото копиле). Тогаш Масвидал победи со технички нокаут.

До денес тие се во серија порази. Дијаз последен пат загуби од Леон Едвардс пред една година. Масвидал, пак, доаѓа по поразот од Колби Ковингтон во март годинава.

Масвидал е подготвен за реванш со Дијаз и му рекол на Ариел Хелуани:

„Мислам дека има премногу CTE / Хронична трауматска енцефалопатија. Веројатно не може ни да разбере што му ставаат.

Не знам. Обично не застанувам на страната на УФЦ за многу работи, но според она што го слушнав и видов, мислам дека овој човек е само див. Дијаз, само бори се.

Можам да бидам неговата последна битка. Не ми пречи да му ја скршам вилицата и да го испратам во казино каде што ќе се тепа. Можеби да е и во индијански резерват, каде што ќе раководи. Не ми пречи.

Нејт нема да потпише кога повторно ќе се спомне моето име. Нашата прва битка беше прекината, бидејќи Дијаз имаше исеченици на лицето.

А, сепак, ме нарече кукавица. Зборува глупости и постојано измислува. Тој вели дека сум бил исплашен и подготвен да се откажам. Кога сум се откажал во битка?

Ако некој сакаше да се откаже, тоа беше тој“.

https://www.youtube.com/watch?v=Dfz7-TPzS7s&feature=emb_title

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО