Дионтеј Вајлдер ја одбрани светската титула против Џералд Вашингтон во Алабама, но очигледно петте рунди не биле доволни за „Бронзениот бомбардер“.
ТМЗ објави видео на кое се гледа како Вајлдер и неговите луѓе влегуваат во расправија со поранешниот кандидат за светската титула Доминик Бризил, кој исто така излезе на рингот во истиот ден.
Дејствието се случува во хотелското лоби, а кадрите не покажуваат точно дошло до инцидентот.
Еве што подоцна напиша Доминик Брзил:
„Пред се, сакам да му се заблагодарам на Бога, јас и противник излеговме без повреди од средбата. Второ, сакам да расчистам дека Дионтеј Вајлдер и неговата банда од 20 луѓе го нападнаа мојот тим, без да бидат испровоцирани. Мој тренер и јас добивме удари во грбот, а мојот тим беше нападнат пред очите на жена ми и моите деца. Кукавички напад од сличен тип нема место во боксот и верувајте ми, нема да остане неказнето“.
.