УФЦ 209: Најава за мечот Нурмагомедов – Фергусон (ВИДЕО)

За неколку дена ќе се сретнат Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон на УФЦ 209 за привремената титула во лесна категорија.

Победникот ќе добие шанса да се сретне со шампионот Конор Мек Грегор, за кого не е јасно кога точно ќе го брани појасот. Во моментов го очекува раѓањето на првото дете, а освен тоа и се обидува да направи бокс дуел за десетици милиони доалри со Флојд Мејведер.

Хабиб Нурмагомедов е со скор од 24 победи од 24 ММА мечеви, а во УФЦ неговиот биланс е осум последователни победи.

Тони Фергусон е во серија од девет последователни победи, а вкупниот скор во УФЦ му е 12-1.

Дефинитивно ова е дуел помеѓу двајца борци со извонреден скор во УФЦ. Погледнете ја видео највата за нивниот судир на УФЦ 209:

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО