Младеновски/Харуни: Лигата е нешто позитивно за боксот во Македонија! (ФОТО)

 

Во саботата во Прилеп се одржа првиот турнир од „Детската лига на Македонија“ на кој учетсвуваа повеќе клубови од Македонија, како Ас, Шкупи, Пинк Пантер, Аперкат, Шкендија. Токму Лигата е резултат на идеата на клубовите за развој на македонскиот бокс, при што на првиот турнир во рингот се појавија 30 деца на големо задоволство на сите.

Затоа сакаме да ги споделиме првичните впечатоци на тренерите на клубовите.

„Тестот во Прилеп покажа дека во Македонија има доста мали вљубеници на  боксот, односно иден потенцијал. За почеток, пробавме со пет клуба и тоа со делумен состав. Сепак, имаше 15 борби, односно 30 мали боксерчиња. Веќе наредното коло во Скопје се очекува дека бројот на боксерчињате ќе биде дупло зголемен, а веќе во третото коло ќе ни се приклучат и заинтересираните клубови од надвор“, вели еден од иницијаторите на Детската лига, Илија Младеновски од Пинк Пантер.

Младеновски нагласува дека иницијативата за оваа идеа е потегната од клубовите, со нивен интерен догово.

„Сето тоа претставува посејување на млади таленти кои треба да изникнат во боксери што ќе се носат со боксерите на најистакнатите боксерски земји во светот. Од сето ова збиднување можеме да очекуваме дека следната генерација, која е на повидок, ќе биде генерацијата која ќе е пример за лидер и водечка боксерска нација во регионот“, категоричен е Младеновски!

И тренерот на БК Шкупи, Насер Харуни, потенцира дека идеата за Детската лига е прекрасна, односно од мали нозе да боксираат и да собираат искуства.

„Сите знаеме дека има европско/светско првенства за деца, за кадети, за јуниори и, нормално, за сениори. До сега во Македонија боксерите директно боксираа на првенатва за сениори (Европски и Светски), без да имаат настапи во детска,  кадетеска и јуниорска конкуренција. Вака, талентираните деца да ги носиме на првенства, почнувајќи од европски првенства за деца. Потоа цело време во нивната кариера ќе ги имат исти тие противници до Олимписките игри, но со големо искуство. Народски кажано, куќата почнува да се гради од темелот, а не од кровот. Лигата е нешто позитивно за боксот во Македонија. Вака ќе имаат огромно искуство и сигурен сум дека резултататите нема да изостанат“, категоричен е Харуни.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО